Кавга во Советот на Град Скопје

Од:

Со 27 гласа „за“ и 13 „пртоив“ – Советот на град Скопје денеска го изгласа Буџетот на главниот град. И додека расправата помина без поголеми расправии, гласањето беше прилично тензично.

Претседателката на Советот, Ирена Мишева во првото гласање изброја 24 гласа „за“. На точноста во броењето се посомнева опозицијата и побара одново да се гласа. На ова реагираше советничката од редовите на ВМРО_ДПМНе која побара пред поединечното гласање да се појде на пауза. Регираше Софија Куновска од СДСМ која посочи дека паузата се бара со цел да се присоберат сите Советници во салата.

Советниците си префрлуваа уште долго откако претседателката Мишева ја напушти салата.

Инаку со новиот Буџет, изгласан денеска се кратат колем број ставки од градската каса, за да се покрие ланскиот дефицит од 740.000 евра на ЈСП , да обезбедат средства за новото седиште – Градската куќа, како и за плаќање на парно во средните школи од 490.000 евра.

Јавното сообраќајно претпријатеи кое со години работи као загубар, првата финансиска помош ќе ја добие годинава – субвенции во висина од 740 илјади евра.

По барање на опозицијата, во градското собрание, пред неколку месеци ЈСП го откри вкупниот долг – 6 милиони евра. Но од претпријатието тогаш побараа да не се крева паника, бидјеќи тие постепено ќе го плаќале долгот. Опозицијата и тогаш, како и денеска, обвини дека во новите автобуси можеби превозот е поудобен, но и дека истите трошат повеќе гориво за клима-уредите, и лете и зиме.

Освен ЈСП, субвенции ќе добие и Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, во износ од околу 40.000 евра, а најмногу ќе се скрати од ставката за „изградба на собирни и магистрални улици.

Ќе се обезбедат пари за изградба на Градската куќа, околу 460.000 евра. 320.000 евра за изработка на Генералниот план на Скопје, дополнителни 700.000 евра за одржување магистрални и собирни улици, како и 490.000 евра за плаќање сметки за топлинска енергија во средните училишта.

Следна точка на дневниот ред беше и новиот Генерален урбанистички план за главниот град. Советникот Аљоша Шопард образложи дека границите на главниот град остануваат исти со ГУП-от од 2002-та година.

Образложи дека градот ќе се подели на 11 зони и 134 градски четврти.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух