(ВИДЕО) Кавга во Собранието: Зошто седницата доцнела два часа и материјалите до пратениците

Од:

Претседателот на Собранието Талат Џафери и координаторот на ВМРО-ДПМНЕ се скараа зошто материјалите доцнеле и зошто не биле известени пратениците дека седницата ќе доцни два часа.

Кавгата започна откако министерката Нина Ангеловска побара по скратена постапка да се донесе законот за задолжување од 70 милиони евра за поврзување на локални патишта.

Според Мицевски, материјалите за овој закон пристигнале во 14 часот и обвини дека овој потег на Владата и Собранието е нетранспарентен и срамен.

„Срамота е ова што го правите. Имате седница од днвен ред со 63 точки, кои станаа 73. Материјали добивме во 14 часот. Седницата доцнеше два часа, пратениците се мотаа по ходници и никој не ги извести, ниту пак се извинивте за ова доцнење. Но, очигледно ви се брза да ја задолжите државата, да им дадете пари на општините, за да имате што да им кажете на вашите гласачи пред избори. Освен тоа сите се по скратена постапка, иако кога бевте во опозиција жестоко реагиравте, а сега си молчите кога министерката побара да се донесе законот бидејќи не бил обемен“, рече Мицевски.

Спикерот Џафери одговори дека не било во негова надлежност што законите биле по скратена постапка, негова должност била да ги стави на дневен на ред.

„Еве ќе имаме процедура за промена на Деловникот, па ќе имате можност да предложите претседателот да одлучува како ќе се носат законите. За конкретниот закон, материјалите стигнаа во 10 часот, а електонски беа испратени на пратениците во 12.09 минути. Ако не верувате проверете си во службите. Тоа веќе не е во моја надлежност, нема што да давам оправдувања”, рече Џафери.

На дневен ред се повеќе закони за задолжување кај Светска банка, за проекти за студентски домови, за патна инфраструктура, за системи за наводнување на земјоделско земјиште и други проекти. Сите закони се предложени по скратена постапка.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет