Кавадаречкиот градоначалник Панов осуден за поткуп при избори и гласање

Од:

Со пресуда на Основен суд Кавадарци, градоначалникот на општина Кавадарци Александар Панов денеска беше осуден на два месеца затвор за кривично дело „поткуп при избори и гласање“.

– За ова дело предвидена е парична казна или казна затвор до една година, појасни судијата доктор Лазар Нанев.

Согласно законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната, укажа судијата Нанев, делото се класифицира во петта хоризонтална категорија каде врз основа на податоците за личноста се класифицира во прва вертикала бидејќи е неосудуван досега, за што законодавецот утврдил парична казна од 5 до 120 глоби или затвор од 30 дена до два месеца.

Казната ќе се изврши по правосилност на пресудата.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Д-р Панов: За време на празниците статистички почести срцеви и мозочни удари