Кавадарци го слави верскиот празник „Света Петка“ заштитничка на градот

Од:

Кавадарци денеска го слави верскиот празник Света Преподобна маченичка Параскева Римјанка, Света Петка. Света Петка се смета за заштитничка на градот Кавадарци.

Стотици верници присуствуваа на светата божествена литургија што се одржа во верскиот храм „Свети Димитрија” со која чиноначалствуваше митрополитот на Повардарската Епархија, г. Агатангел. По литургијата, верниците заедно се упатија кон новата црква која се изгради во чест на заштитничката на градот.

– Ако течат работите како досега, верувам дека за две години ќе се собериме и ќе ја осветиме црквата. Сега следува потешката, поспецифична работа. Ако сакаме убаво, нема потреба да се брзаме. Вакви културни споменици многу ретко се градат. По 150 години откако е изграден храмот „Свети Димитрија”, градиме нова црква во Кавадарци, рече владиката.

Претседателот на Иницијативниот одбор за изградба на црквата, Митко Јанчев, сопственик на „Кожувчанка” изрази задоволство од досегашниот тек на градбата. Задоволство изразија и градоначалникот на Кавадарци Александар Панов, како и директорот на „Фени” Никола Ризов.

Владиката Агатангел најави дека за две години ќе започне и целосна реконструкција на „Свети Димитрија”.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак