Кавадарци доби Музеј на вкусовите

Од:

Заврши реконструкцијата на објектот во Кавадарци што ќе биде Музеј на вкусовите. Во него денеска се внесени околу 500 експонати.

– Останува да се доуредат просторот во Музејот и дворот. Дел од експонатите се стари, веќе беа поставени, а дел се нови, досега непоставени. Има и експонати кои ги земавме од други музеи, но и од приватни колекционери, изјави директорот на постоечката Музеј галерија во Кавадарци Петре Камчевски.

Според него, станува збор за Музеј единствен од ваков вид во регионот.

Куќата на вкусовите и мирисот е инвестиција од прекуграничната соработка меѓу Македонија и Грција во рамки на ИПА програмата на ЕУ. Партнер на општина Кавадарци во овој проект „Гастрономските патишта на Кајмакчалан-Кајмак” вреден 70 илјади евра е грчката општина Воден или Едеса. Локалната кавадаречка самоуправа дополнително обезбеди 1,4 милиони денари за изградба на музејот.

За внесувањето на експонатите во новиот Музеј се погрижија младите од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он