Кавадарчани сакаат есенски панаѓур, покажа анкетата на општината

Од:

Кавадарчани сакаат есенски панаѓур, ова го покажа јавната анкета што ја спроведе кавадаречката локална самоуправа на интернет.

– Панаѓурот ќе се одржи на 12, 13 и 14 октомври, со малку променета локација, односно ќе го зафаќа делот по новите семафори на улицата „Никола Минчев“, се до Северен булевар и едната коловозна лента до зградата на УЈП. Тоа значи дека трите улици од семафорите ќе бидат функционални и едната коловозна лента кај зградата на УЈП, информираа денеска од прес службата при општината.

Закупот на простор за продажно место ќе започне од четврток.

Општината ја спроведе оваа анкета за да се види расположението на кавадарчани, бидејќи години наназад дел од населението сака панаѓур за да обезбеди различни производи по пониски цени, а сопственици на бутици се против тоа, со образложение дека станува збор за нелојална конкуренција.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак