Кавадарчанец тешко повреден во сообраќајна несреќа

Од:

Кавадарчанец на возраст од 60 години бил тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во Кавадарци, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Сообраќајната незгода се случила на улица „Шишка“, помеѓу патничко возило „опел корса“ со кавадаречки ознаки, управувано од З.М. (60) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“, исто така со кавадаречка регистрација, управувано од кавадарчанецот М.Г.(61), појасни Додевски.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.М. кој бил пренесен во кавадаречката болница.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа