Кавадарчанец нападнат од сопругата

Од:

Кавадарчанец бил физички нападнат од неговата сопруга, која во налет на бес, го гризнала за палецот.

Како што соопшти полицијата, настанот се случил во сабота околу 17.45 часот, во канцеларија на приватна фирма во Кавадарци, З.И.(41) влегла и започнала со разни предмети да фрла по Т.И.(46). Притоа, тој бил погоден во пределот на главата и телото, а во еден момент бил гризнат на палецот од левата рака. Т.И., со цел да го одбие нападот, ја турнал неговата сопруга.

На Т.И. му била укажана лекарска помош во ЈЗУ, додека З.И. била лишена од слобода и со истата бил извршен разговор, по што поднела пријава против нејзиниот сопруг за сторено кривично дело „телесна повреда“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец