Кавадарчанец нападнал полицаец со нож

Од:

Кавадарчанец нападнал полицаец со нож во петокот попладне пред Полициската станица Кавадарци, информираше денеска портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска.

Според Стојкоска, О.К. (1986) од Кавадарци без никаков повод и причина му пришл на полицискиот службеник кој во моментот извршувал службено дејствие и почнал да му упатува сериозни закани по неговиот живот по што го нападнал со нож.

Со употреба на физичка сила е совладан и лишен од слобода, соопшти Стојкоска.

Осомничениот претходно бил приведен во полициска станица Кавадарци поради сторена сообраќајна несреќа под дејство на алкохол и напуштање лице место. По целосно документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка