Кавадарчанец лишен од слобода поради уцена

Од:

Триесетгодишен ​кавадарчанец денеска бил лишен од слобода откако во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци две лица пријавиле дека ги уценувал да му дадат пари за да не објави компромитирачки материјали за нив на социјалните мрежи.

– По брзата акција на вработените од ПС ОН Кавадарци откриено е лицето на триесет години од Кавадарци и истото е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „Уцена“, вели Верољуб Додевски, портпарол во СВР Велес.

По извршениот разговор и собраниот доказен материјал, додава Додевски, до Основното јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело “Уцена”.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак