• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Катругалос бара објаснувања од Дендиас зошто доцни ратификацијата на Меморандумите со С Македонија

by А1он27/01/2021 - 08:5627/01/2021 - 09:55253
Share0

„Кога Меморандумите со Северна Македонија ќе дојдат на гласање во Парламентот? Како ќе се решат значителните доцнења за учебниците и трговските ознаки?, прашува одговорниот за надворешна политика во СИРИЗА, Јоргос Катругалос во пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.

Добивај вести на вибер

Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од опозициската партија, од Дендиас бара информации зошто доцни ратификацијата на трите Меморандуми со нашата земја и покрај тоа што во Парламентот беа донесени кон средината на септември минатата година.

Во пратеничкото прашање пишува дека и покрај ставот на актуелната грчка Влада за почитување на Договорот од Преспа, „сè уште се забележуваат сериозни проблеми на доцнење во нејзиното целосно спроведување и многу случаи на лицемерие од страна на министрите и членовите на Нова демократија“.

Во доцнењата што ги споменува Катругалос, освен ратификацијата на Меморандумите, го наведува и доцнењето во однос на комисиите за учебниците и за трговските ознаки.

-Јасно е дека противењето за Договорот од Преспа на одредени претставници на Нова демократија, вклучувајќи го и поранешниот премиер А. Самарас, не е оправдување за горенаведените доцнења, што им штетат на националните интереси, ниту за општото заложништво на Владата во важните области на надворешната политика, пишува Катругалос.

Од шефот на грчката дипломатија бара одговор за тоа кога Меморандумите ќе бидат донесени пред надлежната Комисија во Парламентот, како и на пленарна седница за ратификација; „кога се очекува да заврши процесот на повлекување или измена на учебниците со иредентистичка содржина во соседната земја?“; како и каков е планот на Министерството за надворешни работи во врска со „заштита на производите од Македонија“.

Исто така, прашува дали прашањата за учебниците и заштитата на производите биле покренати на средбата со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи, за време на посетата на Атина и каков бил неговиот одговор.

prespanski dogovor

Би можело да ве интересира

ДУИ: Преспанскиот договор ја закотви Македонија на вистинската страна на историјата

Горан Наумовски17/06/2025 - 09:43

Поткопувачите на Охридскиот и на Преспанскиот договор може да се најдат на црната листа на САД

Катерина Ѓуровски09/01/2025 - 09:20

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Катерина Ѓуровски30/08/2024 - 13:08

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Катерина Ѓуровски22/07/2024 - 10:04

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски14/07/2024 - 15:0114/07/2024 - 16:28

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Катерина Ѓуровски12/07/2024 - 13:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен