Катимерини: Притискокот врз Македонија, ќе го подобри имиџот на Берлин во Грција

Од:

Под наслов „Скопје и Германија“, „Катимерини“ објавува коментар за грчко-македонскиот спор за името, во пресрет на разговорите на медијаторот Метју Нимиц во Скопје и Атина.

Во текстот се истакнува дека она што може да придонесе да се придвижат работите е интересот од страна на германската канцеларка Ангела Меркел.

„ Со оглед на семоќта на Германија во европските интеграции, нејзината улога во надминување на ќор-сокакот може да се покаже решавачка. Во овој контекст Меркел и германската дипломатија треба да ги земат предвид следниве точки: Прво, во тешки економски времиња за Грција, кога ризикот да се заразат и другите европски земји останува реален, последното нешто што и треба на оваа земја е притисок со големо национално прашање за истата, а сепак од мало значење за Европа. Второ, минатото на Андонис Самарас и неговото идентификување со цврст став за спорот со името значи дека договорот што тој ќе го потпише ќе биде полесно прифатен од страна на грчкото општество. Трето, со оглед на негативниот имиџ што е создаден во Грција за Германија, правилно управување со прашањето и значителниот притисок врз Македонија, која се стреми кон влез во ЕУ ќе придонесе малку да се одобри имиџот на Берлин во грчкото општество“, пишува „Катимерини“.

Во врска со посетата на Нимиц на двете земји, весникот само додава дека „и покрај завидната сила и упорност со децении на медијаторот, прашањето стагнира“, за што, како и секогаш ја обвинува „нетолерантноста“ на македонските власти.

Освен провладиниот весник, кој и вчера објави анализа во која напиша дека „врска со прашањето на името на Македонија постои една чудна мобилност“, другите грчки медиуми денеска молчат на оваа тема.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски