Катица Јанева и Ленче Ристоска на дневен ред на Советот на јавните обвинители

Од:

Советот на јавните обвинители на денешната презакжана седница, меѓу другото, треба да расправа за претставката на судијата Владимир Панчевски за претресите во неговиот дом во истрагата на специјалното јавно обвинителство.

„А1он“ дознава дека претставката која е ставена на дневен ред се однесува на постапувањето на обвинителките Катица Јанева и Ленче Ристоска.

Панчевски ја оспори наредбата за претрес од септември 2017 година издадена од гевгелискиот суд, и тврдеше дека стварната надлежност за постапување против него ја има Основниот суд Скопје 1, а не судот во Гевгелија.

Постапувајќи по три кривични пријави кои Панчевски ги поднесе против десет службени лица, надлежен обвинител oд Скопското обвинителство оцени дека во дејствијата на пријавените нема битни елементи на кривични дела, ниту на други дела што се гонат по службена должност и ги отфрли пријавите.

Во соопштението беше наведено дека со оглед на тоа Панчевски е судија во Основниот суд Скопје 1 Скопје, а поради висок ризик од нарушување на тајноста на дејствието и на предистражната постапка, барањето за издавање наредба било поднесено до гевгелискиот суд, што е во согласност со воспоставената практика на Европскиот суд за човекови права.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Не е во ред министерот за правда да го прозива по има обвинителот, вели претседателот на Советот на јавни обвинители

Дисквалификуваниот Панчевски бара кривична пријава против членовите на Советот на јавни обвинители

Катерина Ѓуровски

Владата добива четири имиња за државен обвинител, Панчевски елиминиран од Советот

Катерина Ѓуровски

Советот на јавните обвинители ќе даде мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски