СДСМ: Катастрофата во здрасвтвото се гледа насекаде  

Од:

„Попусто ВМРО-ДПМНЕ пишувале празно соопштение, од фотографиите се гледа катастрофалната состојба во којашто се наоѓа Здравствениот дом во населба Лисиче.
  
Руинираниот Здравствен дом во Лисиче, на само неколку километри од центарот на Скопје, ја покажува целосната негрижа на ВМРО-ДПМНЕ за здравството и здравјето на граѓаните.
 
Овој здравствен дом објект е заборавен од власта во заминување. Не само што не е одржуван, не само што воопшто не е инвестирано во него, туку нема донесено ниту еден нов медицински апарат.
 
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски потрошија 630 милиони евра за споменици а граѓаните на Скопје, на Лисиче, не можат да добијат основни здравствени услуги во достоинствени услови.
 
На граѓаните им треба Здравствен дом кадешто ќе можат да добиваат соодветна здравствена услуга.
 
Заврши времето на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓаат промени на слободни, фер и демократски избори.
 
Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста што ќе и ја дадат граѓаните, ќе ги промени приоритетите и парите ќе ги насочи кон граѓаните и решавање на нивните проблеми.
 
СДСМ има системски решенија за создавање на вистинско јавно здравство, со бесплатно лекување за сите и ослободување од партиципација“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ