Кастриот Реџепи се јави: Не доаѓам во Собранието да гласам за недоверба

Од:

Кастриот Реџепи, пратеникот на БЕСА кој не се појави на собраниската седница на која треба да се гласа недоверба на Владата на Фејсбук објави зошто решил да не присуствува.

-Една од главните причини за мојот и политичкиот ангажман на Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција.

Земајќи го предвид политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, заради процесот и силните сигнали од стратешките партнери од САД и ЕУ кои ме искомуницираа преку висок дипломатски претставник, дека во декември има одлична шанса да имаме датум за почеток на разговорите за членство во ЕУ, одлучив да не присуствувам на собраниската седница. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место.Државата во овој важен период нема потреба од политичка криза и влегување во проблематични и непознати води, напиша Реџепи.

Претходно, Реџепи не се јавуваше на телефонските повици, а без него нема мнозинство за изгласување недоверба на Владата.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието