Касарната „Илинден“ е можна локација за новиот клинички центар, има политичка усогласеност за реализирање на проектот

Од:

Поранешната касарна „Илинден“ спроти Американската амбасада во Скопје е една од трите можни локации за изградба на новиот клинички центар кои се разгледуваат откако министер е Беким Сали. Тој денес извести дека се уште целосно не е отфрлена локацијата во Ѓорче Петров, која беше одбрана за новиот клинички центар додека министер беше Венко Филипче, но нагласи дека конечниот избор ќе зависи повеќе од катастарските услови и логистиката на локацијата отколку од политичкиот момент, за кој веќе имале усогласеност.

„Јас иницирав работна група и од опозицијата и од позиција во политичкиот дел да имаме усогласеност во јавната расправа која во минатото била главна пречка за нереализирање на тој проект. Начелно надмината таа пречка, но не сме до фаза на избор на локација, износ кој ќе биде потребен за изградба, величина. Локацијата не е одредена сто посто. Една е Илинден, но има три позиции предмет на дискусија. Која локација ќе биде одредена освен од политичкиот момент, кој не е главен, ќе зависи од делот на катастарските услови. Клиничкиот центар треба да се изгради на локација со постојна логистика, да не трошиме дополнителни средства за оддалеченост која во минатото била предмет на дискусија и блокирање. Локациите засега се уште се Ѓорче Петров, Илинден и уште една трета локација во која има постоечка болница со надградување и проширување на дејноста“, рече министерот Сали.

Временска рамка во која треба да се усогласат ставовите за новата локација за клинички центар, министерот Сали вели дека немаат оти тоа зависела од внатрепартиски дискусии.

Министерот Сали потсети дека за изградба на нов клинички центар се зборува 17 години и уште еднаш кажа дека со неговата изградба ќе се надминат сегашните маки кои ги имаат пациентите со препраќање од една на друга клиника оти се ќе добијат на едно место.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска