Касапов: Талевски да си даде оставка

Од:

Како што ја сакаме вистината за Македонија така ја сакаме и вистината за Битола, вели во реакцијата Александар Касапов, советник од Либерал-демократската партија во Општина Битола по повод објавувањето на бомбите на лидерот на СДСМ, Зоран Заев кој вчера на прес-конференција пушти аудио снимки во кои наводно министерката Гордана Јанкуловска и министерот Зоран Ставрески разговараат за криминалите на градоначалникот на општина Битола, Владо Талевски. Според него, Талевски треба да си даде оставка од морални причини.

„Од аудио снимките,кои што вчера ги изнесе лидерот на СДСМ, г-динот Зоран Заев, можеше да се слушне како Ставревски вели дека во Битола за превоз на ученици е склучен договор со Транскоп коруптивен до даска. Понатаму тој покрај големиот број на навреди изречени за Талевски исто така за него вели дека кај што е неспособен уште и криминалец“, вели Касапов.

После се ова ЛДП бара обвинителството по допрен глас да поведе истрага за се што се споменува во аудио снимките како незаконско работење во општина Битола, Талевски од морални причини да си поднесе оставка и на наредната седница на советот на општина Битола, доколку ситуацијата во Битола остане статус кво, советниците од ЛДП и од опозицијата ќе предложат заклучоци со кои ќе се побара вистината за Битола во врска со овие аудио снимки да излези на виделина и таа вистина никој да не ја попречува.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција