Касапов: Колку повеќе не’ плашите, толку сме ние похрабри

Од:

„Единаесет години Битола ја водат луѓе-клептомани. Луѓе-клептомани, кои што крадеа од нашите предци, крадеа од нас, а со кредитот што го зедоа за да ги вратат парите кои што ги украдоа од касарната, почнаа да крадат и од нашите деца и внуци.

Единаесет години овој град го водат луѓе-пиромани. Пиромани, кои што политички, економски, културно, но и спортски, ја ‘запалија’ и ‘пеплосаа’ Битола.

Е, овие луѓе, пиромани и клептомани, предводени од аболицираното лице и очув на Битола, Владимир Талески и од ВМРО-ДПМНЕ, сакаат да се спасат со аболиција.

Е, ние нема да им дозволиме аболиција, таа мора да биде повлечена целосно. Ние нема да дозволиме селективна правда, ние бараме правдата да важи подеднакво за сите. И затоа Талески и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат и платат за се’ што им направија на Битола и на битолчани.

Сакаат да не’ плашат со гумени куршуми. Ќе им порачаме од овде: Колку повеќе не’ плашите, ние толку сме похрабри.

Сакаат со снимателите и со снимките на Чавков да не поколебаат. Ќе им порачаме, колку повеќе се трудите да не поколебате, ние ќе бидеме поупорни и порешителни. Ние сме решителни и решени да одиме до крај.

Крајот на овој режим се гледа, крајот ќе биде за брзо, верувајте. Многу помина, малку остана.

Битолчани и битолчанки, мора да издржиме и ќе издржиме. Многу скоро овој тиран ќе падне“, изјави Александар Касапов, советник во Советот на општина Битола и претседател на ОО ЛДП-Битола.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство