Касапов: Битолските политичари не смеат да ја заборават Битола.

Од:

Интегрален текст на Александар Касапов, советник во Советот на општина Битола:

Политичарите од Битола треба да знаат дека пред се“, тие се битолчани, а потоа членови на политичка партија. Тоа значи дека тие треба да се грижат за интересите на Битола и битолчани, а не за интересите на партијата.

За жал, со буџетот на Р.Македонија за 2016 година, Битола повторно е оставена да тоне и да пропаѓа.

Скопјани, вклучително и владата на ВМРО-ДПМНЕ, повторно ја оставаат Битола да биде “слепо црево“.

Пратениците од опозицијата од Битола предложија амандман за заштита на животната средина во Битола, Могила и Новаци преку инвестиции во РЕК Битола, амандаман за изготвување на нов ГУП (Генерален Урбанистички План) на Битола, амандман за изградба на планинарскиот дом “Копанки“.

Сите амандмани предложени од битолските пратеници од опозицијата, беа одбиени од ВМРО-ДПМНЕ.
Трагедијата, за нас битолчаните, да биде уште поголема е тоа што овие амандмани, кои се однесуваа за развој на Битола и за здравјето на битолчани, не беа подржани односно против нив гласаа и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Ваквиот вазалски и поданички однос кон скопјаните и лидерите на политичките партии треба еднаш засекогаш да престане.

ОО ЛДП-Битола бара, во името на Битола, во името на битолчани и во името на нашата битолска гордост, претставниците на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, да се оградат од ваквото делување на битолските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, со цел во иднина повеќе на никој да не му текне да го повтори истото.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство