Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

Од:

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра се неколку опции. Едната од нив е консензуален претседателски кандидат, но нивната поддршка, како што рече, нема да биде безусловна.

Касами не сакаше конкретно да одговори за условите што ги бара од Заев, но дали ќе застане зад предлогот на СДСМ зависи од тоа која личност ќе биде кандидат.

„За нас оваа опција е прифатлива, сакаме да биде кандидат којшто ќе биде претседател на сите еднички заедници, а не за едни да биде мајка, а за други маќеа. Имаше предлози за неколку имиња, но и натаму не се знае кој ќе биде. Нашата одлука ќе следи откако ќе дознаеме за која личност се работи“, рече лидерот на Беса.

Касами рече дека зад себе има 60 илјади гласачи и дека нуди сериозна поддршка на изборите, но не ја исклучува можноста и сами да настапат на избори. Во однос на прашањето дали разаговарале за поддршка на кандидатот Гордана Силјановска, Касами кажа дека сè уште немаат став по тоа прашање и не е разгледана таа опција.

Во однос на заеднички настап со Села, не беше конкретен, но кажа дека се во контакт со Алијанса на Албанците и не ја исклучи и таа можност.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“