Касами: Победата на БЕСА е сигурна

Од:

Движењето БЕСА својот последен митинг од предизборната кампања го одржа пред партиските простории кои се на улицата на излезот од Тетово што води кон Брвеница. На присутните им се обрати претседателот на Беса и носител на листата за пратеници во Шестата изборна единица Биљал Касами.

– БЕСА сигурно ќе победи на овие избори, но тоа нема да биде победа на политички субјект, тоа ќе биде победа на Албанците во Македонија, победа над ДУИ која 10 години му слугува на ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ веќе нема поддршка од народот. Гледате самите дека на митинзите носат луѓе од надвор. Тие се подготвени се да продадат, за да имаат корист и да им наштетат на Албанците. Победата на БЕСА е сигурна, затоа што во ДУИ народот не гледа веќе ништо, тоа е партија во која повеќе нема никаква демократија, партија која само сака да остане на власт, ДУИ веќе пропаѓа, рече Касами. 

Наша голема цел е, додаде тој, да заврши ова владеење и народот да добие политичари кои не се корумпирани. Истакна дека сакаат да му помогнат на народот и дека гласот даден за БЕСА е глас за дигнитетот на Албанците. 

Пред присутните зборуваше и кандидатот за пратеник во Шестата изборна единица Фадиљ Вејсели.

Би можело да ве интересира

Седат Сулејмани избран за шеф на изборниот штаб на „Беса“ и коалицијата „Вреди“

Горан Наумовски

Сејдиу: Техничкиот ги навредува работниците, кабадаии во Собрание, кабадаии во Влада, кабадаии во полиција

Горан Наумовски

Беса: На средбата во Приштина со Курти и Конјуфца, присутните лидери ја посочија и идејата за претседател Албанец

Движење БЕСА: ДУИ, СДСМ криминалот и корупцијата се при крај

Горан Наумовски

Движење БЕСА: Криминалците на ДУИ се заменуваат со криминалци на Ахмети

Горан Наумовски

БЕСА: ДУИ да не ја штити платата на Беким Незири од 3000 евра, туку и да го исклучи од партијата