Касами по жестоките реакции: Владата се плаши од поразот на изборите, доаѓањето на Курти е чест

Од:

Владата не успеа да го скрие или контролира стравот од пораз на следните избори, особено кога се појави фронтот на обединетата опозиција со поддршка од косовскиот премиер Албин Курти вели во објава на социјалните мрежи градоначалникот на Тетово Билал Касами по жестоките реакции и во јавноста и од државните институции по веењето знаме на голема Албанија на концертото во чест на посетата на косовскиот премиер Албин Курти.

– Ја разбираме загриженоста на претседателот и Владата, кои изненадувачки со со поддршка и реакции и Белград, и знаеме дека оваа политичка реторика нема врска со посетата на Албин Курти, туку има врска со загриженоста што албанската опозиција во РСМ се обединува и сега и брои денови на оваа влада на криминал и корупција. Доаѓањето на премиерот Курти беше исто толку почит и чест за Албанците од Северна Македонија, исто толку почит и за државата Северна Македонија, со која е потпишан меморандумот за заедничкиот проект, патот Тетово-Призрен, вели Касами во објавата.

Поради случувањата во Тетово и истакнувањето на знамето на Голема Албанија реагираше премиерот Ковачевски, претседателот Пендаровски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ и други политички партии.

Би можело да ве интересира

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари од ДУИ во Кичево – Мицкоски одбра да коленичи пред ВРЕДИ!

Горан Наумовски

Касами прогласи победа во првиот круг на Локалните избори во Тетово

Касами со порака до младите: Вие самите треба да го трасирате сопствениот пат

А1он

Касами: Ќе изградиме нова автобуска станица, ќе набавиме пет електрични автобуси и пет електрични минибуси

А1он

Касами: Тетово станува компактен, поврзан и зелен град

Горан Наумовски

Левица: Најголем поборник за Биљал Касами да биде повторно градоначалник е раководството на ДПМНЕ на чело со Мицкоски