Претседателот на движењето Беса, Биљал Касами, во придружба на генералниот секретар Арјанит Хоџа и заменик-претседателот Абдуш Демири, го дочека на состанок амбасадорот на ОДИХР, Јан Петерсен.
На состанокот главната тема беше референдумот и важноста за успешно завршување на овој процес и Македонија да го продолжи својот пат кон НАТО и ЕУ.
Касами го увери амбасадорот Петерсен дека Движењето Беса максимално ќе придонесе за референдумот да биде успешен, и покрај тоа што е опозициона партија, бидејќи за Движењето Беса, важно е Албанците и сите граѓани на Македонија да имаат подобар живот и иднина.