Касами останува лидер на БЕСА

Од:

Лидерот на Беса, Билал Касами, како единствен кандидат е резизбран за претседател на политичката партија по вториот партиски конгресшто се одржа денеска во Скопје.

Заменик претседател на Беса ќе биде досегашниот генерален секретар Аријанит Хоџа.

Во изјава за медиумите Касами рече дека во иднина партијата ќе продолжи уште посилно да се занимава со проблемите на граѓаните.

„Ќе се залагаме за еднаквост, слобода и за продолжување на патот кон целосна интеграција на Македонија во ЕУ. Особено по последните случувања во Украина, ќе треба да се залагаме за целосно зачленување во ЕУ, затоа што само така ќе бидеме побезбедни и ќе можеме да создадеме подобра иднина“, порача Касами.

Првиот човек на Беса истакна и дека партијата ќе се заложи за што поскоро одржување на предвремени избори. Оваа власт, како што рече Касами, не е подготвена да ги заштити интересите на граѓанитe.

Би можело да ве интересира

Касами го поддржува предлогот за замена на државниот грб

Касами го искритикува Стоиљковиќ за Додик: Не може да се примаат луѓе кои се на црната листа на САД

АСНОМ е темел на државата, Касами е во судир со законите – реагира Сојузот на борци и граѓани продолжувачи

А1он

Левица: ВМРО-ДПМНЕ да го спречи Касами во премиенувањето на тетовските улици и бришењето антифашисти

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ