Касами одби коалиција со ДПМНЕ, а Мицкоски му порача: Вакви изјави даваат луѓе кои не ја разбираат политиката

Од:

Откако лидерот на БЕСА, Биљал Касами кажа дека се можни коалиции за локалните избори, но не со ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Христијан Мицкоски му порача дека такви изјави даваат луѓе кои не ја разбираат политиката или тоа им само хоби. Мицкоски смета дека изјавата на Касами дека на локалните избори ќе одат сами, но дека е можна соработка со други партии, е удар врз владините политички конкуренти.

„Јас тоа повеќе го доживеав како навреда кон владините политички конкуренти, затоа што тој чувствува дека толку е надмоќен во однос на владините политички конкуренти, што гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини, како што разбрав Касами ќе се кандидира во Тетово, а Фадил Зандели во Гостивар, е толку голема што не му е потребна поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. Јас му посакувам среќа и успех во намерата. И една порака, вака како човек, во политиката такви изјави ги даваат луѓе кои или не ја разбираат или политиката им е повеќе како хоби отколку како сериозна професија“, рече Мицкоски.

Инаку, Касами веќе се изјасни дека ако има сериозни понуди за соработка, тогаш БЕСА ќе ги раазгледа. Според него, одлуката ќе се донесе откако ќе се утврди која е најдобра опција за нив.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина