Касами е категоричен дека нема преговори за рокади со министерствата

Од:

По најавеното напуштање на Владата на Алијанса за Албанците на Арбен Таравари секторот здравство останува во рамки на „Вреди“ и нема најави за рокади на министерските места. Ова беше одговорот на Биљал Касами, претседател на Движење Беса денес во Тетово на новинарски прашања околу можните промени по најавеното заминување на Таравари.

Комбинациите кои се прават во однос на поделба на одговорностите за водење на владата се прават со политички договор, но и согласно капацитетите кадрите кои ги имаат одредени партии кои се дел од владината коалиција. Министерството за здравство беше побарано од нас и поради тоа што, член на досегашната коалиција беше Арбен Таравари. Тој го побара тоа како ресор, а сега со неговото заминување ние како „Вреди“ сме подготвени да разговараме и за такви комбинации, но нема преговори во делот на Владата за рокади и во моментот, сè додека нема нова ситуација, сите позиции кои беа досега остануваат во „Вреди“, истакна Касами од настан во Тетово.

Министерот за животна средина и лидер на Демократско движење, Изет Меџити на новинарско прашање рече дека се е во ред со владиното работење по најавеното напуштање на Алијанса за Албанците.

– Па, додека некој се грижи како да му олесни на Ахмети, ние се кажуваме дека и потврдуваме дека Владата е стабилна и за нас, а приоритет над приоритетите се граѓаните, гласачите и ние се трудиме како денес значи секојдневно да бидеме блиску до нив и да решиме нивни проблеми, додека другите мислата да олеснат на Ахмети, рече Меџити.

Одговорајќи на прашање, Меџити посочи дека за кратко ќе го објават конечното решение на закон за правична застапеност, а во однос на имињата коишто работат како експерти, посочи дека секој политички одлучува засебно кого да ангажира.

Касами и Меџити во Тетово присуствуваа на почетокот на градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа во населбата „Вонвардарска“ во Тетово.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски