Карпошани ги лоцираа суштинските проблеми

Од:

Со точно лоцирање на приорететните проблеми од повеќе аспекти, кои беа детектирани во Општина Карпош, заврши четвртата последна сесија од граѓанскиот форум „Со заеднички сили, за заеднички интереси“.

Претставници од урбаните и месните заедници од Општина Карпош, вработени во локалната самоуправа, како и граѓани, дебатираа за решавањето на проблемите, кои беа конкретизирани како најважни на територијата на Општината.

Под модераторство на Зоран Стојчевски во завршната сесија се разговараше за поттикнување на иницијативност, за утврдување на целни групи, на финансиски средства и на можности како и за поставување на задачи при решавање на некој суштински проблем со кој се соочуваат карпошани.

Овој граѓански форум беше спроведен во организација на невладините организации „Антико“, „Организацијата на жени на Градот Скопје“ како и со поддршка на локалната самоуправа.

На форумот, граѓаните на Карпош освен што ги лоцираа проблемите и дебатираа за нив, предложија и идеи за решавање на истите.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски