Карпошани донираат производи за совите сирамашни сограѓани

Од:

Пред поголемите маркети во 14-те урбани заедници во општина Карпош, на штандовите на општината, граѓаните може да донираат трајни производи кои потоа ќе им се поделат на социјално загрозените семејства.

Оваа хуманитарна акција се спроведува по 13-ти пат по повод роденденот на општината.

-Целта е сите граѓани кои што се хумани да одвојат барем еден производ при нивното пазарање од маркетите на територија на општина Карпош, за помош на семејствата кои имаат сериозни финансиски проблеми. Сметам дека Карпош е општина на солидарност, бидејќи е изградена со помош на солидарни средства од меѓународната заедница и таквиот начин на поддршка и хуманост треба да ја споделиме со семејствата на кои помошта од ваков тип им е најмногу потребна,изјави градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски.

Оваа иста акција, нагласи, ја спроведуваме за големите христијански празници, за Божиќ и за Велигден и е од голема помош за социјално загрозените граѓаните од општина Карпош.

На територија на општина Карпош се евидентирани околу 180 семејства кои се на социјалните маргини на кои што во континуитет помага општина Карпош. Оваа помош што ја дава локалната власт е надополнување на социјалната заштита која што ја имаат од Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски