Карпош во новогодишно разубавување на својата територија

Од:

По повод новогодишните празници општина Карпош организира новогодишно разубавување на својата територија. Ќе бидат украсени улица „Илинденска“, од крстосницата со улица „Франклин Рузвелт“ до улица „Никола Парапунов“, булевар „Партизански одреди“, од Симпо до улица „Ацо Шопов“.

Ќе бидат укрсени и булеварот „Теодосиј Гологанов“, од железнички мост во Нерези до крстосницата со улица „Рузвелтова“, булевар „8-ми Септември“, од крстосницата со булевар „Теодосиј Гологанов“ до крстосницата со булевар „Никола Карев“. Ќе биде украсена и улица „Козле“, од последна станица на автобусот со број 57 до крстосницата со улица „Рузвелтова“ и улицата „Московска“, од булевар „Теоосиј Гологанов“ до булевар „Илинденска“.

Во општина Карпош ќе бидат поставени светлосни фигури на канделабрите (солзи), ќе има т.н. светлосно небо, светлосни фигури на канделабрите во вид на елки со висина од 2 метри, светлосни ѕвона (обложени со вештачко зеленило и светилки) и светлосни топки.

Од општина Карпош информираат дека распишале тендер за ангажирање на фирма која ќе се погрижи за новогодишното разубавување на подрачјето на оваа локална самоуправа. На тендерот е избрана „Линк Медиа“ од Скопје, со најповолна понуда. Украсувањето ќе ја чини општината околу 10.000.000 денари.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски