Карпош утрово без струја, граѓаните стравуваат дека почнале рестрикции

Од:

Жители на Карпош 1,2,3 и 4 утрово пријавуваат дека останале без струја. Речиси еден час траел прекинот, а од ЕВН добиле објаснување дека прекинот е поради дефект на 110 киловолтна станица поради кој без струја останал не само Карпош туку и делови од Ѓорче и Сарај.

Официјално известување за дефектот од ЕВН нема. Од петокот има најава за прекин во снабдувањето со струја за денес, но само за корисниците од булеварот „Партизански одреди“ зграда број 165 кај кои ќе има прекин од 9 до 11 часот и корисниците на дел од улица „Дамаска“ кои поради технички зафати во мрежата нема да имаат струја во периодот од 9 до 14 часот.

Прекин на снабдувањето со струја имаше и болницата „8 Септември“, па на пациентите дојдени за амбулантски прегледи лекарите им дале избор да чекаат да дојде струја или да дојат друг ден. Оние кои одбрале да останат, ќе бидат прегледани оти струја по прекин од еден час, веќе има.

На социјалните мрежи корисниците од улиците за кои немаше најава за прекин, барајќи објаснување за тоа што немаат струја стравуваат дека почнале рестрикции поради енергетската криза.

Би можело да ве интересира

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто

Дефект на трафостаница ги остави кумановци од центарот на градот без струја

Горан Наумовски

За 25 месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори

(ВИДЕО) Интервју со Јакимовски: Ако до 2030 година не влеземе во ЕУ мора да најдеме алтернатива, ова стана поигрување со нацијата

Александар Тодески