Карпош „На платно“

Од:

Платото на ТЦ Карпош 3, попознато како Лептокарија, денес беше сликарска мека за 30-тина врвни академски сликари од Македонија.

Традиционално, во рамки на Културното лето Карпош 2014, се одржа познатиот ликовен хепенинг на кои врвните сликари од земјата и странство сликаа на платно теми по своја инспирација.

Почнувајќи од 12 часот напладне, се до раните вечерни часови ликовните уметници го споделуваа своето творештво со случајните минувачи или намерниците во Лептокарија, ширејќи го креативниот дух меѓу граѓаните.

На крајот од сликарскиот хепенинг, претседателот на Комисијата за култура при Советот на Општина Карпош Горан Михајлов, на 30-тина академски сликари учесници на овој ликовен перформанс им додели благодарници за учество. Сликите изработени во масло и акрил остануваат трајна сопственост на Општина Карпош.

Културната вечер на Карпош, на платото во Лептокарија, заврши со концерт на групата Eye Cue на општи задоволство на младата публика, опкружени со платната на врвните уметници.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје