Карпош ќе им помага на младите да изберат кој факултет ќе го запишат

Од:

Општина Карпош ќе биде една од четирите општини во кои ќе почне да се спроведува проектот за насочување на младите, популарен како Job Shadowing. По тој повод, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, денеска се сретна со претставници од Секторот млади при Агенција за млади и спорт и во едночасовен разговор ги прецизираа појдовните чекори околу приклучувањето во овој проект.

Со него е предвидено младите од средните училишта во текот на летниот период да добијат шанса за пракса, која натаму ќе им помогне да направат полесен избор при продолжување со високото образование.

Годинава ќе почнат обуките за младите и активности за промоција на проектот, а од следната почнува неговата реализација.

„Градоначалникот Богоев во изминатиот период работеше на зголемена афирмација на политиките за млади и намалување на невработеноста кај младата попилација. Ова е еден од проектите кои ќе ги направи младите да бидат поконкурентни на пазарот на трудот и ќе стекнат најразлични практични вештини“, велат од Општина Карпош.

За целта на проектот предвидена е соработка со приватниот сектор, како и со институции, при што соработници се Агенцијата за млади и спорт, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална и политика и Агенцијата за вработување.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот