Карпош добива современа фитнес зона

Од:

Обезбедувањето на соодветен простор за спорт и рекреација за сите карпошани е една од клучните, стратегиски цели на локалната самоуправа, во областа на спортот и неговaта достапност за сите граѓани.
За таа цел, денеска, во Карпош 4, започнаа активностите за изградба на првата современа фитнес зона во Општината.
Во соработка со Агенцијата за млади и спорт, ќе се добие фитнес зона опремена со 8 справи за вежбање, од кои, една справа за лицата со посебни потреби.

Во оваа прилика, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев посочи дека фитнес зоната е на локација која е лесно достапна за граѓаните и истата ќе може да се користи од граѓани на различна старосна возраст.

– Поентата е во повеќе населби низ Карпош да создадеме вакви зони за спорт и рекреација. Конкретно, покрај оваа фитнес зона, ќе го уредиме и околното зеленило со цел да добиеме еден убав појас за спорт и рекреација на граѓаните. Почнуваме во Карпош 4, но, намерата е да продолжиме со вакви проекти и во другите населби. Овие маалски, спортски катчиња придонесуваат да се развијат здравите навики кај граѓаните, да се рекреираат и да имаат физичка активност, рече Богоев.

Станува збор за инвестиција на Агенцијата за млади и спорт (АМС), при што фитнес зоната ќе чини 1.999.994,00 денари (со вклучено ДДВ), а рокот за изведба е три месеци.

Директорот на АМС, Дарко Каевски, посочи дека Агенцијата работи на приближување на спортот и спортските активности до сите граѓани, и овој проект ќе продолжи и во претстојниот период. Според Каевски, ова година Општина Карпош од Агенцијата ќе добие и еден реонски базен со училишни димензии.

Каевски ги посочи и деталите за реализација на проектот, на кој изведувач е “Урбано Е..Л.” ДООЕЛ Скопје, проектант е “Интеградба – Таневски” ДООЕЛ Скопје, а надзорен орган е “Евроконсалтинг”.

Би можело да ве интересира

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот