Карпош апелира: Празнувајте безбедно, без петарди и групирања

Од:

Општина Карпош апелира до сите граѓани, да не користат петарди и пиротехнички средства, кои претставуваат опасност за здравјето, за домашните и уличните животни, како и за животната средина.

„Користењето на петарди и други пиротехнички средства е казниво од 200 до 500 евра согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за заштита од експлозивни материи и Кривичниот законик.

Деновиве, локалната самоуправа се координираше со Полициската станица – Карпош, со цел, да има почести полициски патроли во населбите од каде што пристигнуваат повеќе пријави од граѓани за користење на петарди“, велат од Општина Карпош.

„Ги информираме жителите, дека на телефонскиот број 192 можат да пријават употреба на пиротехнички средства.

Безбедноста на граѓаните е најважна. Живееме и во ек на светска пандемија, каде што Новогодишните и Божиќните празници мора да ги прославиме без групирања и големи собири. Да се грижиме за заедницата и да прославуваме безбедно“, соопштува Општина Карпош.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски