Каров: Нереално е во прилепскиот регион да се градат 500 акумулации

Од:

Деканот на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Илија Каров денеска изјави дека е невозможно во прилепскиот регион да се градат 500 мини акумулации.

– Си ја познаваме Република Македонија и географски како се поставени нашите водотеци. Тоа во никој случај не е можно. Треба добар елаборат, план, проект да се направи истражување, кои се оние реки од каде таа вода ќе доаѓа. Според тоа, најавата за толкав број на акумулации мислам дека не е реална, оцени Каров.

Според него, нема можност за изградба на 500 акумулации, особено во прилепскиот регион, бидејќи станува збор за многу пари. Праша од каде кандидатот за градоначалник на СДСМ за Прилеп ќе ги обезбеди парите бидејќи една акумулација чини 15 или 30 милиони евра. 

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај