КАРИЛ: Ракометарот Денис Тот е примен без знаци за живот и без видливи повреди, oстро ги осудуваме сите шпекулации

Од:

Клиниката за ТОАРИЛУЦ – КАРИЛ преку писмено соопштение ги осуди сите шпекулации во јавноста поврзани со транспарентноста за трагичната смрт на младиот ракометар.

„Пациентот беше примен рано утрото на 7-ми април во Ургентниот центар во Скопје без срцева акција и знаци за живот, и без видливи повреди. Дежурните лекари со колегите од КАРИЛ веднаш на прием пристапиле кон срцева и белодробна реалнимација. По половина час е воспоставена срцева акција. И покрај критичноста на ситуацијата, веднаш е направена компјутерска томографија на целото тело.

При самиот прием на пациентот, повикани се сите екипи, од неврохирургија, од абдоменална хиругија, Торакална и од Трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија“, се наведува во соопштението на КАРИЛ.

„Глобалниот оток на мозокот што е констатиран на томографијата, може да биде од повеќе различни причини, а една од нив е недостатокот на кислород во мозокот и враќањето во живот кое траело половина час. Времетраењето на враќањето на пациентот во живот потврдено од колегите од неврохиругија кои биле присутни во текот на целиот период на лекување на пациентот.

Пациентот кој по приемот и реанимацијата е префрлен е на КАРИЛ, почина на 8 април во пладневните часови после 24 борба за живот и неколку дополнитени реанимации.

Телото без видливи надворешни знаци на насилство и поради нејаснотии за причината за смртта беше предадено на Институтот за судска медицина за да се направи обдукција и да се расветли причината зошто настанала прекин на работата на срцето и што е точно причината за глобалниот едем на мозокот и смртта.

Од самиот прием во Ургентнио центар, МВР е известено за состојбата на пациенот. Во текот текот на вчерашниот де целокупната документација беше предадена на Јавното обвинителство. Денес медицинската документација е на увид и на ДСЗИ.

Остро ги осудуваме сите шпекулации во однос на транспареноста на овој трагичен настан. Од самиот прием ја истакнавме тежината на состојбата во која пациентот е примен и сите обиди за реанимација“, соопштија од КАРИЛ.

Оттаму се надеваат дека надележните институции ќе го расветлат случајот во брзо време и изразуваат длабоко сочувство до семејството за нивната загуба.

На барање на министерот за здравство, ДСЗИ иницираше и во тек е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Итна медицинска помош, Ургентен центар и во КАРИЛ.

Во текот на утрешниот ден надзорот ќе продолжи во Институтот за судска медицина. По завршувањето на истиот, за констатираната состојба ќе биде известен министерот.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на правосилната пресуда за убиството на Денис Тот

Горан Наумовски

Апелација ги потврди затворските казни за убијците на ракометарот Денис Тот

Миланов: Правната квалификација „убиство“ е спорна за сите обвинети во случајот Денис Тот

Одбраната на обвинетите за убиството на Тот од Апелација бара повторно судење

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Обвинителката за пресудата за Денис Тот: Казната е во рамки на законски предвидената казна

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Казните се драконски, ова е неправда“, реакции на адвокатите чии обвинети добија вкупно 52 години затвор

Кристијан Ландов