Карбинци ќе го развива планинскиот туризам

Од:

Општина Карбинци сака да го развива планинскиот туризам, за таа цел локалната власт и Планинарското друштво (ПД) „Лисец“ – Штип аплицираат за средства во висина од 380.000 евра преку Програмата за развој на руралниот туризам на Светска банка.

Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев вели дека скоро половина од средствата ќе бидат наменети за изградба на асфалтен пристапен пат до планинарскиот дом „Вртешка“, сместен во пазувите на планината Плачковица на надморска височина од 1.100 метри. Дополнителни 50.000 евра се потребни за реконструкција и надградба на планинарскиот дом.

– Со тоа ќе се постигне зголемување на сместувачкиот капацитет, кој сега изнесува 40 легла. Со реконструкцијата и адаптацијата би добиле некаде околу 120 легла, за претстој на исто толку туристи, вели Насев.
Тој забележува дека најголем куриозитет на овие простори, би била изградбата на вештачката карпа за меѓународни натпреварувања во алпинизам. Во проектот за оваа намена се предвидени 66.000 евра.

– Карпата ќе биде со импозантни димензии, по големина можеби во Македонија и најголема, која вештачка карпа ќе биде со пропратни содржини за следење на натпреварите, односно трибини, додаде Насев.

Ќе се гради и повеќенаменско игралиште, а за целиот овој комплекс да функционира во лете и во зима, ќе се набави ровокопач и товарач за одржување на патната инфраструктура во планинскиот предел. Општината учествува со 20.000 евра сопствени средства за поставување на соодветна сигнализација и билборди за полесно наоѓање на посетителите.

– За 32.000 евра ќе се изготви и софтвер, преку кој ќе биде многу лесен пристапот и преку интернет, кој ќе покажува и пешачки патеки и други содржини во непосредната околина на самиот планинарски дом, рече Насев.

Во следниот период општина Карбинци планира и изградба на патна инфраструктура до водопадите и пештерите или т.н. скриено богатство на планината Плачковица.

Би можело да ве интересира

Трет смртен случај во пожар во последниве 24 часа, човек изгорел во штала

Расчистен се случајот со киднапирањето во Карбинци, нема кривично дело соопшти МВР

Катерина Ѓуровски

Паунов до Спасовски: Наместо брза реакција демантиравте, со нервоза и потење пред камери граѓаните не се чувствуваат безбедни

Три лица под истрага за одгледување на марихуана во Карбинци ​

А1он

Голем пожар кај Карбинци, две вили настрадаа во огнената стихија

Жарко Настоски

Општините на истокот бележат пад на приходите

А1он