Караванот „Ние одлучуваме!“ во скопската населба Аеродром

Од:

Денеска активистите на „Ние одлучуваме!“ ја посетија населбата Аеродром и имаа перформанс пред трговскиот центар Бисер.

Неколку активисти од 13 часот го делеа бесплатниот весник „Ние одлучуваме“ и разговараа за проблемите кои ги живеат луѓето во општина Аеродром. Малку после 14 часот пред трговскиот центар Бисер пристигна и жолто-црниот камион на граѓанската акција. Перформансот почна спектакуларно со пиротехнички средства, а еден од активистите преку мегафон го побара вниманието на присутните минувачи во трговскиот. „Заслужуваме град полн со луѓе и живот!“, „Сакаме да дишеме чист воздух!”, „Вашиот глас одлучува, гласајте без страв и притисоци!“ беа дел од пораките. Пред заминување беше поставено платно на кое пишуваше: „Аеродром може да дише подобро!“

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвременитепарламентарни избори во 2016 година, да ги регистриразлоупотребите на јавните ресурси и институции за изборницели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните заостварување на избирачкото право.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ние одлучуваме“ алармира: Притисоци во државните институции и фантоми во избирачкиот список

Ана Ололовска

Одработувањето на “Денот на дрвото“ не смее да биде на 10 декември, ден пред гласањето

Предраг Петровиќ

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ ја посети Струга

Емир Латифовиќ

Караванот на граѓанската акција „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ!“ во Тетово и во Куманово

Емир Латифовиќ

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ во Битола

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Караванот „Ние одлучуваме“ во Прилеп: Граѓаните бараат подобро здравство

А1он