Караванот „Ние одлучуваме!“ ја посети скопската населба Драчево

Од:

Активистите на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска ја посетија населбата Драчево и кај пазарчето, пред здравствениот дом го поделија бесплатниот весник.

„Пазарџиите се жалеа на слабата куповна моќ и на давачките, купувачите се жалеа дека и покрај ниските цени не можат да си дозволат да го купат тоа што им е потребно. Поголемиот дел од малите плати ги трошат на големите сметки за струја. Луѓето кои излегуваа од здравствениот дом се жалеа на условите кои им ги нуди здравствениот систем, како и на неможноста да земат лекови на рецепти на крајот од месецот“, велат од граѓанската акција.

Жолто-црниот камион на граѓанската акција кружеше низ населбата Драчево, а активистите преку мегафон порачаа „Бараме вработување без партиска книшка“, „Бараме за плата да се живее, а не да се преживее“, „Бараме здравствен систем кој лечи, а не мој термин кој пречи“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ние одлучуваме“ алармира: Притисоци во државните институции и фантоми во избирачкиот список

Ана Ололовска

Одработувањето на “Денот на дрвото“ не смее да биде на 10 декември, ден пред гласањето

Предраг Петровиќ

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ ја посети Струга

Емир Латифовиќ

Караванот на граѓанската акција „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ!“ во Тетово и во Куманово

Емир Латифовиќ

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ во Битола

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Караванот „Ние одлучуваме“ во Прилеп: Граѓаните бараат подобро здравство

А1он