Караванот на граѓанската акција „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ!“ во Тетово и во Куманово

Од:

Караванот на граѓанската акција „НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ!“/„NE VENDOSIM!” на денеска одржа перформанси во Тетово и во Куманово.

Перформансот во Тетово се одржа пред Домот на културата со почеток во 14 часот, а го проследија сите затекнати граѓани, кои покажаа интерес за пораките што ги испраќаа до нив граѓанските активисти преку весници, флаери и мегафон.

Перформансот се состоеше од повеќе активности во една заедничка акција кои имаа за цел стимулирање на граѓаните да застанат и да поразговараат со граѓанските активисти околу претстојните парламентарни избори и да се охрабрат да излезат да гласаат, притоа знаејќи ги своите права во целост.

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!” беше присутна и низ кумановските улици и населби во директен контакт со граѓаните, кои што имаа можност да се запознаат со вториот број од граѓанскиот весник што го носи истото име како и акцијата.

Тоа што го привлече денес вниманието на кумановци беше четириминутниот флешмоб на градскиот плоштад Нова Југославија. Граѓанската акција денеска ги испрати следниве пораки до кумановци: „Куманово одлучува!”, „Можеме!” и „Леб за сите!”.

Настанот го одбележа и камионот на акцијата кој се движеше низ целиот град ширејќи ги пораките на инцијативата за подобра иднина. Жолтите знамиња, летоците, активистите со нивните говори на мегафони и жолтиот чад ги мобилизираа кумановци на градскиот плоштад за да ја проследат акцијата.

Граѓанската акција НИЕ ОДЛУЧУВАМЕ! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Ние одлучуваме“ алармира: Притисоци во државните институции и фантоми во избирачкиот список

Ана Ололовска

Одработувањето на “Денот на дрвото“ не смее да биде на 10 декември, ден пред гласањето

Предраг Петровиќ

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ ја посети Струга

Емир Латифовиќ

Караванот на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ во Битола

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Караванот „Ние одлучуваме“ во Прилеп: Граѓаните бараат подобро здравство

А1он

Караванот „Ние одлучуваме!“ ја посети скопската населба Драчево

Емир Латифовиќ