Каракамишева: Притисок не е дозволен, Османи и Заев ќе добијат писмо

Од:

Венецијанската комисија испратила писмо до кабинетот за вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и со премиерот Зоран Заев во кое се наведува дека не е дозволен владин притисок од каков било вид врз национален претставник на телото, тврди професорката Татјана Каракамишева.

„Само што добив информација од генералниот секретар на Венецијанската комисија, г-дин Томас Маркерт, дека согласно правилата на Комисијата владин притисок од каков било вид врз национален претставник НЕ Е ДОЗВОЛЕН и дека писмото е веќе доставено до кабинетот на Османи и на Заев.

Да имавме слободно новинарство јавноста веќе ќе беше информирана. Ама немаме!

Ги повикувам новинарите да го добијат писмото упатено до претседателот и заменик-претседателот на Владата и да ја информираат јавноста за ставот на Комисијата во однос на ваквите недолични испади на политичари врз угледни експерти”, напиша Каракамишева на Фејсбук.

Ваквата реакција доаѓа откако вицепремиерот Османи се закани дека до Венециската комисија ќе бидат испратени само членовите за банкнотите и за униформите, а не целиот закон, затоа што во ова тело како претставник од Македонија е професорката Тања Каракамишева, која, наводно, се обидувала субјективно да влијае на Законот. Каракамишева, која е претседател на комисијата за политички систем на ВМРО-ДПМНЕ, Османи ја нарече деструктивен елемент за кој ќе гледале со коалициските партнери како да го повлечат од Венециската комисија.

И покрај спротивните најави од вицепремиерот Бујар Османи, Владата одлучи целиот Закон за јазици да го испрати во Венециската комисија. На мислење до советодавното тело на Советот на Европа околу уставноста на законот се испратени и двата члена што не се дел од донесеното решение: одредбите за двојазичност на банкнотите и воените униформи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата