Каракачанов со критики за Комисијата меѓу Бугарија и Северна Македонија во однос на Гоце Делчев

Од:

Лидерот на ВМРО и бугарски вицепремиер, Красимир Каракачанов, ја критикуваше меѓусекторската комисија на Бугарија и Северна Македонија, која треба да ги расчисти историските и образовните прашања меѓу двете земји. Тој тврди дека Комисијата „заглавила“ кога дошло на ред прашањето за животот и делото на Гоце Делчев.

Во соопштението до медиуми, ВМРО вели дека „Скопје не сака да признае дека Гоце Делчев е Бугарин, факт што бил очигледен, документиран и признат лично од него. Според Каракачанов, македонските политичари сугерирале Комисијата да се обедини околу одлуката дека Гоце Делчев е деец на македонското ослободително дело, кој бил почитуван и од народот на Бугарија, пренесува бугарски „Дневник“.

На состанокот во Скопје во петокот, Комисијата расчисти со прашањата за античката историја. Направен е сериозен исчекор за средновековната историја, а се разговараше и за заедничка прослава на Гоце Делчев. Каракачанов вели дека како датум за заедничка прослава се предлага седми октомври, денот кога коските на Гоце Делчев биле предадени од страна на комунистичките власти во Софија на Скопје. Според него, не постои намера за заедничко одбележување на раѓањето и смртта на Делчев.

-За мене, ваквиот предлог е нескриен потсмев, што всушност го минира процесот на подобрување на односите меѓу двете земји. Досега, процесот со Скопје главно се должи на великодушноста на Софија и посветеноста на меѓународните фактори. Но, очигледно е време Бугарија да ја зацврсти својата позиција, слично како што направи грчката страна, вели Каракачанов. Скопје се надева дека работата на заедничката Комисија, како што оценува Каракачанов, ќе легитимира некаква компилација од измислици, испреплетена со научни факти.

-Ако продолжи ова, бугарската делегација мора да стане од масата со сите можни последици за интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и НАТО. Вината за тоа нема да биде наша, рече Каракачанов.

Двајцата копретседатели на Комисијата, професор Драги Георгиев и професор Ангел Димитров, на 7 јуни објавија дека има „одредени места” во историјата на Гоце Делчев, за кои се согласуваат, но и такви за кои не се согласуваат. Темата ќе се дискутира на состанокот на Комисијата во Софија во септември.

Би можело да ве интересира

Вајц: Уставните измени се услов за напредок на македонскиот европски пат

АХВ во зимски сон: Бубашваби на менито секој ден за средношколците во интернатот Здравко Цветковски ГУЦ

Предраг Петровиќ

Гаши: Ниту едно билатерално прашање не смее да биде пречка за напредокот кон ЕУ

Горан Наумовски

Лукас се враќа во Скопје: Парите ќе ги донираме на семејствата во Кочани, Владата да не се секира сите документи ќе ги носиме, па и тоалетна хартија

Предраг Петровиќ

Иницијативен одбор за реформи во ЛДП: Како од „фабрика на идеи“ ја сведовте ЛДП на непрепознатлива НВО организација

Предраг Петровиќ

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас