Караџовски тврди дека изнел личен став, а не на Судскиот совет

Од:

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, денеска преку соопштение информира дека ставовите изнесени на прес-конференцијата на 4 јануари годинава, а кои не се однесуваат на работата на Судскиот совет на Република Македонија се негов личен став.

Караџовски минатата недела одржа прес-конференција на која рече дека тој лично има кредибилитет да ги спроведува реформите во правосудството предвидени со стратегијата на Министерството за правда.

„Не сум во романтична врска со власта“, изјави тогаш Караџовски. Тој додаде дека критиките за работата на Судскиот совет од меѓународните организации се однесуваат само на периодот пред 2014 година, пред тој да биде избран за член на Советот. Според него, во стратегијата за реформи во праводуството на актуелната власт СЈО како дел од Јавното обвинителство на Република Македонија треба да се внесе што побргу, а не од 2019 година како што е предвидено. ,„Не ни требаат реформи како памфлет“, рече Караџовски.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ