Караџовски: Ние направивме предлог- протокол, но дали ќе се одржи пописот државата ќе одлучи

Од:

Комисијата за заразни болести не одлучува дали ќе се одржи пописот туку само изготви предлог – протокол за попишување во услови на пандемија, појасни денес Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести. Тој нагласи дека бројот на новозаболени е во пораст, но посочи дека одлуките за одржување или ново одложување на пописот, не ги носи Комисијата.

„До Комисијата стигнаа повеќе барања од државните институции за наше размислување како да функционираат, како за изборите, за функционирање на Собранието, Владата па еве сега и пописот. Комисијата направи предлог-протокол за попишување и го дадовме во Министерството за здравство и до Државниот завод за статистика. За начинот на кој треба да се одржува пописот ние направивме протокол. Јас не можам да кажам што ќе се случува во следниот месец. Протоколот беше побаран, ние го дадовме. Државата ќе одлучи понатака. Ние дадовме повеќе можности како да се изведува пописот“, вели претседателот Караџовски.

Во протоколот за одржување на пописот, претседателот Караџовски вели дека пропишале како да се одвива попишувањето во становите во зградите, во куќите, за кои заедничко е одржување растојание меѓу попишувачите и лицата што се попишуваат, задолжително е носење маски и честа дезинфекција.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски