(ВИДЕО) Караџовски: Михајлова останува в.д. претседател на Кривичен се до прифаќање на нејзината оставка

Од:

Претседателот на Судски совет, Зоран Караџовски, ја потврди информацијата за оставката на в.д. претседателката на Кривичен суд, Татјана Михајлова која не навела конкретна причина за поднесување на оставката.

– Се додека Советот на седница не ја констатира и прифати неотповикливата оставка, судијката Михајлова ќе продолжи со извршување на нејзините задачи. Во моментов немаме конкретно решение, има неколку опции, именување на нов в.д. претседател, или спроведување на изборот на претседател од веќепостоечките кандидати, но и можност да се распише нов оглас за избор на претседател на Кривичен, вели Караџовски.

Советот денеска состаночел за изнаоѓање решение за настанатата ситуација во Кривичниот суд. Неизвесно е кога ќе биде закажана седницата на Судскиот совет за прифаќање на оставката на Михајлова.

Би можело да ве интересира

Мајката на судијата Ѓоко Ристов тврди дека 350.000 евра се нејзини: Бостан, диња, пипер, ореви, се продавав

А1он

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов – Кривичен утре ќе одлучува за притворот

А1он

Фехми Стафа бара порано да го пуштат од затвор

Во Кривичен суд има 400 вработени помалку од предвиденото: фалат судии, поротници, административци и помошен персонал

„Работам без притисоци и привилегирање“ – Димовска за независноста по изборот за претседателка на Кривичен

Двајца осомничени признале вина за шверцот на пет тони марихуана од Македонија во Србија