Претседателот на Судскиот совет Зоран Караџовски и претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски јавноста веќе ги перцепира како пакет-дует, со оглед дека по сите скандали во Кривичниот суд и вчерашните изјави на Караџовски, произлегува дека двајцата настапуваат по договор, синхронизирано и организирано како да се заштитат еден со друг.
Караџовски со вчерашните изјави уште повеќе ја збуни јавноста.
Караџовски, имате известување потпишано од повеке судии, поплака од работењето на Панчевски како Претседател на судот и како судија, потребно е да превземете мерки во смисла на покренување на постапка против Панчевски, а не да давате сопштенија дека ке спроведете истрага за да откриете чии се потписите на судиите, како тоа да е најважно.
Караџовски дали е проблемот што се појавија судии кои не се согласуваат со начинот на работата на претседателот на Кривичниот суд или пак приоритетот е да се испитаат тврдењата кои се наведени против работењето на Панчевски?
Караџоски и Панчевски, имате увид преку АКМИС системот во пресудите на сите судии од Основниот суд Скопје 1 Скопје, и ќе утврдите моментално чии се потписите односно кои се судиите кој го потпишале Известувањето упатено до Судскиот Совет.
Веројатно ќе увидите дека тоа се судии, вистински судии, независни, храбри, со интегритет, борци за владеење на правото, а не анонимци како што сакате Вие двоецот Караџоски-Панчевски да ги претставите. И да, ги нема во тефтерчето.
Господине Караџоски, јавноста нема да ја излажете со купување време по потрага на судиите и утврдување на како што ги нарекувате “анонимците“. Бидете внимателен и не заземајте страна, не го штитете Претседателот на судот, затоа што и Вие ке бидете дел од веќе обелоденетиот притисок кој се врши врз независните судии. А Панчевски, најдоблесно е по сите случувања, да си поднесе сам оставка!