Кандидатот за градоначалник на Струга Зијадин Села најави тужби за управните судии

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Струга од ДПА Зијадин Села, денеска на прес-конференција ги повика граѓаните на третиот изборен круг да ја покажат нивната демократска свест и да излезат на мирни избори и најави дека ќе поднесе и тужби против судиите во Управниот суд на Република Македонија.

– Повикувам на мирно гласање, како што е со закон предвидено. Исто така ве уверувам дека без разлика дали е дозволено или не е со закон, јас како граѓанин и како градоначалник ќе ги тужам сите тие судии за злоупотреба на функцијата, но и сите министри и пратеници кои ја злоупотребија нивната функција, изјави Села.

Според него, првите два круга од гласањето за локалните избори не биле фер и демократски.

– Јас сум од оние политичари што вистината ја кажуваат во очи. Нема демократија додека има уцени, додека се уценуваат граѓаните со пари, со работни места, со бркање од работа.А во вториот круг беше уште полошо. Нема демократија ако со пиштол на глава те тераат да гласаш.Нема демократија со ваква власт која без да има некаква причина за да се повтори гласањето, во гласачките места 1852, 1857 и 1860 во Струга ќе спроведе трет изборен круг иако нема ниту една жалба од страна на комисијата и набљудувачите, изјави Села.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември