Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски го посети Волково

Од:

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски го посети населеното место Волково. При посетата оствари средба со жителите, кои се пожалија за проблемот со канализацијата и раскопаната улица.

Поради грешка во нацрт планот на општинските власти, како и лажните ветувањата на градоначалникот Сокол Митровски, нивната улица остана без канализациона мрежа и целосно раскопана. Заради ваквиот однос на Градоначалникот и општинските власти, на Наумоски отворено му дадоа поддршка за неговата кандидатура со апел нивниот проблем да биде решен што е можно поскоро.

Наумоски оствари средби и со многу други волковчани кои го користеа последното сонце да си ги средат дворовите. Случајните посети на кандидатот беа пријатно поздравени и изненадени што на ваков начин им се приоѓа. Дадоа поддршка на младоста и амибицијата да се смени нешто, особено да создадат услови во Волково да се искористи заобиколницата за да се отворат нови фабрики за нови вработувања.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски