А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Канческа-Милевска се сретна со италијанскиот амбасадор Масимино Белели

by А1он09/06/2014 - 16:3660
Share0

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска се сретна со италијанскиот амбасадор во Република Македонија Ернесто Масимино Белели.

Добивај вести на вибер

На средбата, како што соопшти Министерството за култура, присуствувааи директорот на Интернационалниот филмски фестивал „Џифони“ Клаудио Губитози и директорот на Агенцијата за филм Дарко Башевски.

Тема на разговор на средбата било претстојното, второ издание на Меѓународниот фестивал „Џифони – Македонија“, кој оваа година ќе се реализира од 8 до 12 октомври, а на кој ќе учествуваат над 400 деца од Македонија и од околните земји. Овој фестивал е од исклучително значење за подигање на свеста на младите за филмската уметност, но и на нивната перцепција за културата и уметноста воопшто.

– Оваа година Република Македонија ќе учествува и на Меѓународниот фестивал „Џифони“ во Италија кој веќе има 44-годишна традиција и на кој македонската делегација ќе биде најмногубројна досега (ќе учествуваат 13 деца). Овој фестивал е одлична можност за културна интеракција на младите од целиот свет бидејќи на оваа манифестација редовно учествуваат повеќе од 5000 млади од над 50 европски земји, се вели во соопштението од Министерството за култура.

На средбата меѓу министерката Канческа-Милевска и амбасадорот Белели станало збор и за новиот Договор за соработка меѓу Република Македонија и Република Италија во областа на културата кој е предвидено да се потпише при посетата на италијанскиот министер за култура на Република Македонија во октомври годинава кога ќе биде отворена и изложбата на мозаиците од Равена.

Од Министерството за култура информираат дека во текот на втората половина од 2014 ќе се реализираат уште неколку активности од областа на културата со кои ќе се одбележи претседателството на Република Италија со Европската Унија. Република Македонија ќе се претстави и на Археолошката берза во Пестум, Италија, во ноември.

kultura

Би можело да ве интересира

Излезе од печат првата разгледница „Поздрав од Голо Брдо“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 14:58

Во македонскиот КИЦ во Белград одржана музичка вечер – Портрет на Зафир Хаџиманов

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 11:09

Отворена изложбата „Балканскиот јунак Марко“

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 10:19

Импресивна изведба на шпанскиот тенор Елаис и италијанскиот пијанист Барбаџелата на новогодишниот концерт на „Охридско лето“

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 11:16

Успешно завршени Деновите на македонската литература за деца во Белград

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 11:54

Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво

Предраг Петровиќ24/10/2025 - 15:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен