Канческа Милевска ќе го каже својот став за уставните измени, Груевски, Милошоски, Змејковски не се пријавени за дискусија

Од:

Продолжува неизвесноста во Законодавниот дом. Мнозинството и опозицијата според дискусиите и ставовите остануваат вкопани во своите ровови и нема одговор дали е можен договор или во декември ќе се „трча“ повторно по гласовите на народот.

Единствено изненадување беше говорот на Ферид Мухиќ дека размислил и го сменил ставот, па сега откако гласаше против распишување на Референдумот и референдумското прашање и одби да води кампања, ќе ги поддржи уставните измени.

Дали може да се очекува уште некое изненадување ќе покажат наредните денови. Според Деловникот останаа уште девет дена за дебата. Меѓу 52-та пратеници кои се пријавени, поголемиот број се од СДСМ и коалицијата. Денеска за прв пат јасно својот став ќе го даде поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, но тука се и во наредните денови Владанка Авировиќ, Панчо Минов и уште дваесетина опозиционери.

На листата дискутанти ги нема Антонијо Милошоски, Влатко Ѓорчев, Борис Змејковски, Јохан Тарчуловски, Никола Груевски, кој вчера судското рочиште го одложи за да присуствува на седницата, како и Васил Пишев.

Денешниот собраниски ден започнува без видлив напредок во приближувањето на ставовите на пратениците од мнозинството и опозицијата и можноста да се обезбедат 80 пратеници кои би ја поддржале измената на Уставот.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието